Booking.com

Гладиолата спаѓа во групата на луковичести едногодишни или повеќегодишни растенија, во фамилијата на перуники или ириси (Iridaceae). Води потекло од тропските и суптропските региони на Африка, Средоземно Море, Средна Европа и Азија. Името го добила од латинскиот збор gladius што во превод значи меч. Името го добила поради обликот на својот раст, обликот на листовите и цветот. Листот е висок и во исправена форма асоцира на меч.

hortikultura.mk_gladiola_2

hortikultura.mk_gladiola_3

Гладиолата се развива од луковица и во зависност од видот, висината на цветот може да биде од 30-150 см.

Главна улога при одгледувањето на гладиолите има правилно одбраното место по географската положба и релјеф, осветленоста, почвено-механичкиот состав, положба на подземните води, заштитеност од честите ветрови. При садење бараат сончевито место.

Апсолутно непогодни се местата во длабнатини лишени од проветрување, места со плитки подземни води, затоа што после обилни дождови водата останува на површината и по неколку дена, тешките глинести почви и при постоење во нив на големи количини органски материи подолго време остануваат студени поради задржување на влагата, која бавно се профилтрира. На лесните песокливи почви се додава глина, а на тешките глинести почви се внесува заедно со органското ѓубриво и крупно зрнест песок. Почвата треба да биде лесно пропустлива и за водата и за воздухот.

Гладиолите се одгледуваат како едногодишна култура, со задолжително вадење на луковиците од почвата наесен, потсушување, чистење, сортирање и чување до настапувањето на благо пријатни временски услови и садење на следната пролет.

Гладиолата се користи како режан цвет. Цветот останува расцветан два дена, така да тоа треба да се земе во предвид при садењето кое треба да биде сукцесивно на секои два дена. Бојата на цветовите на гладиолите често варира, од розеви до црвеникави, светло пурпурни со бели нијанси, или бели до кафеави, од портокалови до црвени.

hortikultura.mk_gladiola_4

hortikultura.mk_gladiola_5

Најдоцните рокови за садење на гладиолата, за продолжување на роковите на цветање и добивање на берба, без примена на покривање со фолија е 15 март – 15 мај.

Со примена на фолија со кратковремено загревање при паѓање на температурите во ноќните часови и студените доцни есенски денови, може да се добијат квалитетни цветови на гладиолите во ноември. Во тој случај садењето се врши од 15-20 јуни.

Покасното садење не овозможува формирање на квалитетни цветови, поради значителното скратување на осветлувањето и должината на светлосниот ден.

Со користење на оранжерии и пластеници, цветање на гладиолите може да се постигне од мај до крајот на ноември.

На отворено при садење во различни рокови (од 15 март до 15 јули ), цветови може да се има од првите денови на јули до крајот на октомври, т.е. во текот на четири месеци.

Садењето на луковиците на отворено започнува во втората половина на март.

Најпрво се садат крупните луковици на раните сорти наменети за рана резидба. После нив се садат малите луковици наменети за добивање на саден материјал. Средните луковици се садат последни.

Садењето на гладиолите во оптималните рокови им овозможува на растенијата да се развиваат во подобар воден режим, кој овозможува интензивен пристап на соли од почвата, максимално го обезбедува растението со хранливи елементи, го активизира процесот на фотосинтеза во растението.
Се користи садење во еден ред или дворедна лента на садење.

Може да се користи збиено едноредно садење, со растојание меѓу редовите од 40 см. Ако растојанието меѓу редовите се зголемува до 70 см, тогаш растојанието меѓу растенијата во редот се намалува за 5-7 см.

За да се искористи попродуктивно површината со растојание меѓу лентите од 70 см, се применува дворедно садење во лентата. Растојанието меѓу редовите во лентата е 15 см.

Длабочината на која ќе се посадат луковиците, зависи од типот на почвата, нејзиниот механички состав и од големината на луковиците.

Крупните луковици обично се садат на длабочина од 7-8 см, а ситните на 3-4 см… (продолжува)

hortikultura.mk_gladiola_6

Loading...