Booking.com

Приватноста е секогаш на прво место кога станува збор за нашиот двор, тераса или балкон, во топлите пролетни и летни денови кои ни престојат.
Без разлика дали вашиот двор е најдобро место за дружење со вашите пријатели и соседи, понекогаш летната магија може да се наруши доколку почнете да се чувствувате како на излог. Овие 5 идеи за приватност во вашиот двор, поредени од најлесни до најтешки за креирање, ќе ви помогнат да го оградите вашиот простор за да се опуштите во текот на летните сончеви денови во попријатен амбиент.

1. НАПРАВЕТЕ ОГРАДА ВО САКСИЈА
Кој не би посакал градини со разновидни саксии? Секое растение може да се одгледува во саксија, така да ова претставува идеално решение за сите оние кои изнајмуваат станови. Дури и сопствениците на куќи може да ги искористат овие идеи. За максимална приватност, во саксиите или жардиниерите посадете бамбус или висока украсна трева.

hortikultura.mk_privatnost_vo_dvorot_1

2. ВГРАДЕТЕ ПАНЕЛИ ОД ВЕШТАЧКО ЗЕЛЕНИЛО
Ова е фантастична идеја – без заливање, без одржување и без чекање да се формира оградата. Панелите од жива ограда се достапни во неколку големини, а можат да бидат направени додатно и со звучна изолација, како би се зголемила приватноста.

hortikultura.mk_privatnost_vo_dvorot_2

3. ОДГЛЕДУВАЈТЕ ЖИВА ОГРАДА
Живата ограда можете да ја посадете и на природен начин, која бара малку повеќе труд, избор на вистинските растенија и слични дилеми – колку светлина е потребно, колку често ќе треба да се залева и крои.

hortikultura.mk_privatnost_vo_dvorot_3

4. ЗАСАДЕТЕ РАСТЕНИЈА НА МРЕЖНИ РЕШЕТКИ
Потребна е голема нега кон растенијата додека ползат вертикално по мрежните решетки, меѓутоа вие нема да имате потреба да чекате зеленилото да се развие, бидејќи самите решетки ќе ги блокираат погледите во вашиот двор или тераса.

hortikultura.mk_privatnost_vo_dvorot_4

5. ОДГЛЕДУВАЈТЕ ВЕРТИКАЛНИ ГРАДИНИ
Овој процес е од двојно значење, бидејќи засадувањето на растенија или зеленчук на вашите вертикални градини ви помага со обезбедување на хранливи продукти во текот на целата година, а во исто време имате природна заштита од несакани погледи.

hortikultura.mk_privatnost_vo_dvorot_5

Loading...