Booking.com

Минијатурните градини можат да бидат интересен дел во секој агол од домот. Овој вид на градини најчесто се направени од одредени видови на растенија кои растат доста бавно. При изборот на растенијата потребно е да се направи комбинација од слични растенија со неопходните услови за одгледување како вода и светлина.
За да си создадете своја минијатурна градина ви ги препорачуваме следниве видови на растенија: различен вид на треви, зимзелени растенија, кактуси, украсни растенија и билки како што се: нане, мајчина душица, оригано и слично.

hortikultura.mk_minijaturni_gradini_2

hortikultura.mk_minijaturni_gradini_3

hortikultura.mk_minijaturni_gradini_4
Кактусот е карактеристичен по своите различни форми и по своите живописни бои на цветови. Тие се доста интересни по тоа што можат да растат во различни форми и да создадат интересна сцена за убав изглед.
Растенијата можат да се одгледуваат во различни видови на саксии или одредени жардиниери изработени во различни форми, бои и длабочина како и различни материјали како: глина, керамика и дрво. Можете да користите и скршени саксии со декоративен изглед каде можат да ја збогатат сцената на вашата мини градина. Можат да се надополнат со други детали и да изгледаат како саксии изработени со многу креативност и фантазија.
За да се збогати изгледот на вашата градина можете да ја надополните со камења во разни бои, со декорација на мебел, уметнички дела, огради, фонтани и живописни фигури.

hortikultura.mk_minijaturni_gradini_5

hortikultura.mk_minijaturni_gradini_6

hortikultura.mk_minijaturni_gradini_7

hortikultura.mk_minijaturni_gradini_8

Loading...