Booking.com

Пролетните луковици (оние кои цветаат во пролет), како што се лалињата, треба да се садат во Септември или Октомври, кога почвата се изладила од топлите летни денови. За разлика од лалето, пролетта е идеална за садење на далијата и гладиолата, кога ќе поминат сите опасности од појава на мразеви.

Купените луковици растенија кои сте ги купиле или нарачале по пошта, извадете ги од пакетот и ставете ги на 2–3 дена под сенка. Морате да внимавате при вадењето на луковиците од пакетот, да не ги измешате со бои, бидејќи само со поглед нема да знаете кое лале е со црвена, а кое со бела боја. Друга можност е веднаш да ги засадите и на неколку дена да им направите сенка (на пример со помош на канцелариска хартија, даска), така да не бидат изложени директно на сонце – јакото сонце може да ги оштети.

Прво прекопајте го местото каде што ќе садите луковици од растенија. Непосредно пред садењето, луковиците извадете ги од хартиената кеса. Ископајте доволно длабока дупка и во неа ставете ја луковицата со вегетациониот врв свртен нагоре. Кај некои видови, наопаку свртените луковици може да загинат.

Затрпајте ги луковиците, а земјата лесно ја натапкајте. Доколку е сушно време, после садењето, добро наводнете. Доколку садете лале на средината од летото (на пример, нема каде да ги чувате и заминувате на долг годишен одмор), во тој случај не мора да ги наводнувате. Луковиците ќе одмараат и ќе растат дури со првите есенски дождови.

Помалите луковици и луковиците одгледувани во тешки земјишта се садат на помала длабочина. За длабочина на садење ја сметаме оддалеченоста од врвот на луковицата до површината на земјата. Луковиците ги вадиме од земја во моментот кога ќе им изумрат површинските делови (важи за сите луковичести растенија освен гладиолата) – што за време на сувиот и топол почеток на летото може да биде и привремено, дури во мај.

Кај повеќето видови луковици после вадењето од земја може да ги складираме до есента на суво (лалето). Останатите видови со складирањето на суво може да се оштетат, па дури и да загинат. Овие видови кои не сакаат сушење, нивните луковици најдобро е да се пресадат од земјата во друга земја без долго складирање (недела дена на суво ќе издржат без проблем, но подолго не се оставаат на суво).

Loading...