Доколку сакате да ви се разубави работното место и да се внесе живост и свежина, препорачуваме да започнете да си одгледувате мини кактуси. Нивната убавина доаѓа со разновидноста и лесниот начин на одгледување.
Препорачуваме да се одгледуваат овие видови на мини кактуси: Jade, Echeveria, Sedum и Euphorbia и Aeonium. Доколку сакате да одгледувате повеќе видови од понудените растенија заедно, препорачливо е да се земат во предвид оние видови кои можат да се одгледуваат при исти услови.
Доколку сакате да одгледувате мини кактуси, можете да ги одгледувате во вид на корен, лисје или стебло. Карактеристично за овој вид на растение е што не е потребно многу влажност и не бара постојано наводнување. За време на пролетта и летото потребно е да се наводнува еднаш во текот на неделата, а во есен и зима само еднаш во текот на месецот. Наводнувањето се препорачува да биде во утринските часови и не се препорачува изобилство од вода за да не дојде до изумирање на растението. Директното мокрење на лисјата може да доведе до можни изгореници кои се предизвикани од директна изложеност на сончева светлина.
Кактусите особено бараат изложеност на светлина. Мини кактусите можат да се комбинираат со одредени видови камења и други детали и да се создаде креативна мини градина во својот дом.