Booking.com

Најдобриот начин за размножување на кактусите и сукулентите зависи од видот на растението. Кактусите и други сукуленти лесно се размножуваат. Запомнете дека тие се навикнати да растат на сува почва, сончева страна, а премногу вода или влажност ќе доведе до нивно гниење.

Кактусите и другите сукуленти можат да се размножуваат на повеќе начини:со семе;

–  со резници од листот;

–  со резници од стеблото;

–  со делење; и

–  со калемење.

Најтешкиот начин на размножување на кактуси и сукуленти е со семе. Иако овој начин бара повеќе, со сеење на семе може да добиете голем број на млади растенија и здрави растенија. Тоа е најдолготраен начин на размножување на кактусите и сукулентите. Освен тоа, некои видови растенија имаат семе со дебела обвивка, така што за семето да изрти, потребно е претходно да се стратифицира.

Наједноставен начин на размножување на сукулентите е со резници од листот или од стеблото. Резниците се отсекуваат со остар нож, најчесто напролет. За да не изгнијат, исечените резници треба извесен период да се остават врз хартија, на топло и суво место (најчесто се потребни 24-48 часа) за да формираат калус.

Размножувањето со делење се врши така што најпрвин целото растение се вади од саксијата, а потоа внимателно се разделува, односно се расекува на неколку помали парчиња, кои се садат одделно.

Размножувањето со калемење најчесто се применува кај кактусите што созреваат и цветаат бавно. Ако овие видови се калемат на сродно добро закоренето растение, ќе процветаат релативно брзо.

Loading...