Booking.com

Кокичето (лат. Galanthus) е најпознатото ранопролетно цветно растение. Всушност, кокичето е предвесник на пролетта. Повеќето видови на кокичиња се одгледуваат како украсни растенија, бидејќи имаат прекрасни цветови.

Потекнува од Медитеранот, односно се смета дека води потекло од планинските шуми на Турција. Лесно ги поднесува ниските температури. Тие се распространети најмногу во умерениот климатски појас, каде има снежна студена зима. Тие се првите растенија кои цветаат во пролет, и тоа пред да се стопи снежната покривка. Некои видови се распространети во топли краеви, но ги има и по влажни предели. Се појавуваат на планините по топењето на снеговите.

Најпознат вид на кокиче е Galanthus nivalis. Расте во висина од 7-15 см и цвета помеѓу јануари и април. Спаѓа во групата на перенијални растенија, кои растат од луковица. Секоја луковица произведува по два линеарни остри листови, а помеѓу нив се појавува еден осамен, бел цвет, во форма на ѕвонче. Може да се садат на длабочина околу 10 см во текот на рана есен.
Вообичаената боја на кокичињата е бела и личат како капки млеко кои висат од стеблото, па од таму го добиле и името – од грчкиот збор „gala“ (млеко) и „anthos“ (цвеќе), што значи млечно-бели цвеќиња.
За да изгледаат поубаво во градината, најдобро е да се садат во групи од повеќе луковици заедно. Откако ќе прецветаат може да се разделат, но не секоја година.

Loading...