Booking.com

Кринот (Lilium) претставува луковичесто растение кое води потекло од југозападна Азија од каде понатаму се шири и кон Медитеранот. Се смета за доста декоративно цвеќе кое сѐ повеќе се одгледува и кај нас. Спаѓа во групата на најупотребувани режани цвеќиња во светот.
Кринот бара многу светлина и тоа е услов за квалитетни цветови. Многу е важно да се внимава на температурата затоа што и таа е битна за правилен развој на пупките. Цветните дршки на криновите ќе бидат пократки доколку деновите се подолги, а садењето е подоцно.

SONY DSC

hortikultura.mk_krin_lilium_3
Криновите најдобро успеваат на тресетни почви и песокливи почви богати со хумус. Кореновиот систем на кринот не смее да биде во вода, а нивото на подземна вода треба да биде најмалку 40 сантиметри под површината на земјата. Во случај на повисоки подземни води, кринот се одгледува на подигнати леи. Најдобри резултати се постигнуваат доколку веднаш се засадат луковиците кои се чуваат во ладилници каде што температурата е 2°С. Криновите се садат во леи во стакленик или пластеник. Најдобро е ширината на леите да биде еден метар, а помеѓу нив да се остави патека во широчина од половина метар. Густината на садење зависи од големината на луковиците. При подоцно садење се препорачува погусто садење.

hortikultura.mk_krin_lilium_4

SONY DSC
Луковиците на кринот се садат прилично длабоко. Во зимскиот период потребно е над луковиците да има 6 сантиметри земја. Кога тие се садат во летниот период, потребно е над земјата да се стави слама за да се спречи прекумерно загревање. Добри резултати се постигнуваат и со садење во саксии кои треба да бидат високи најмалку 12 сантиметри со пречник 10 до 12 сантиметри. Луковиците во саксиите треба да бидат покриени со земја во висина од 8 сантиметри и треба да се внимава на наводнувањето затоа што водата побрзо испарува во саксии.
Наводнувањето започнува веднаш по никнувањето на растенијата и се врши исклучително во утринските часови. Влажноста на воздухот е битен фактор поради опасноста влажните делови на растението да не се исушат затоа што тогаш постои опасност од оштетување на нежните листови.
Режењето на цветовите треба да се започне веднаш по појавувањето на бојата. Раното режење на цветовите може да доведе до опасност од неотворање на цветовите.

hortikultura.mk_krin_lilium_6

SONY DSC

hortikultura.mk_krin_lilium_8

Loading...