Booking.com

Ова модерно семејство се решило за еден необичен чекор – изградба на современа куќа со кровна градина во Виетнам.
Куќата е дизајнирана од архитектонското студио „Vo Trong Nghia“ од Виетнам. Во преден план на самата куќа е зелениот простор – градината на покрив, дворот и внатрешното зеленило.
Поради местоположбата на куќата, идејата била да се направи градина на покривот на која ќе може да се ужива преку денот и ноќта или да се организира дружење со пријателите во текот на летните месеци.
Покривот е изведен во вид на каскади со сиви плочки, прекриен со зеленило, лисно декоративни растенија и украсни дрвја. Покрај градината на покривот, архитектите дизајнирале и внатрешна градина, која се поврзува со трпезаријата и дневната соба.

hortikultura.mk_krovna_gradina_vietnam_1 hortikultura.mk_krovna_gradina_vietnam_2 hortikultura.mk_krovna_gradina_vietnam_3 hortikultura.mk_krovna_gradina_vietnam_4

Loading...