Booking.com

Кровна градина или покривна градина е градина која се наоѓа на покривот (кровот) на една зграда. Често по градовите не може да се најде простор за градини, што е главната причина за постоењето на кровните градини.

За каков вид на покрив ќе се одлучите, зависи од тоа колку време можете да посветите на одржување, колку пари можете да вложите и најмногу од тоа колку вашиот покрив дозволува. Кога сме кај парите, почетната инвестиција може да биде и до двапати поголема во споредба со класичен покрив, но парите брзо се враќаат со заштеда во трошоци за енергија за греење и ладење. Зелениот покрив редуцира и до 50 отсто енергија за топлење и ладење и e многу добар звучен изолатор. Го продолжува животниот век на покривот за 10 години, ја зголемува вредноста на недвижноста за 7 отсто, па многу држави сè повеќе ја применуваат оваа идеја.

Кровните градини претставуваат вистинско парче рај на вашиот дом

Замислете мало парче рај над Вас, за кое сите се прашуваат…

Тргнете ја околината на страна… Ви нудиме извонредни идеи за една поинаква „димензија“ на објектот во којшто живеете. Станува збор за кровни градини, кои привлекуваат внимание и даваат посебно белег, особено ако живеете во зграда.

Специјално за вас одбравме неколку фотографии кои веруваме дека кај Вас ќе ја пробудат креативноста и веќе од утре со вашите соседи ќе почнете да разговарате на таа тема…

Ви преостанува, навистина да размислите, да соработувате со стручно лице кое ќе ги одржува градините… И да реализирате една од нашите идеи…ќе бидете презадоволни од оствареното…

hortikultura.mk_krovni_gradini_2
hortikultura.mk_krovni_gradini_3
hortikultura.mk_krovni_gradini_4
hortikultura.mk_krovni_gradini_5
hortikultura.mk_krovni_gradini_6
Loading...