Booking.com

Кровните градини сè повеќе се тренд во светот, поради недостатокот на доволен простор за балкони и тераси. Современите светски дизјанери создаваат неверојатни различни стилови на тераси со градини на покривот, камини и со области за одмор и релаксација. Кровните градини претставуваат вистинска оаза на мирот кои овозможуваат да се ужива во прекрасниот поглед на градот и претставува вистински простор за заедничките оброци на семејството или пријателите.
Постојат повеќе начини за да се создаде прекрасно екстериерно уредување на самата градина каде може да биде пријатно место за релаксација.

hortikultura.mk_ukrasni_krovni_gradini_2

hortikultura.mk_ukrasni_krovni_gradini_3

hortikultura.mk_ukrasni_krovni_gradini_4
Балкон на отворено со поставување на мал бар, скара, удобен градинарски мебел, лежалки и слично е предлог за уживање во летните денови. Како извонреден предлог е дрвената палуба каде во уредувањето може да се вклучи мебел и камин или пак комбинација со мебел и детали од ковано железо и градинарски растенија.
Како дополнителна заштита од временските услови: дожд, снег или ветер може да се користат украсни тенди или чадори кои се доста функционални за да се заштити просторот во врнежливите денови. Различните модели на тенди кои се во различни стилови, од различни материјали и широк спектар на бои претставуваат заштита и се водоотпорни.
Привлечно и атрактивно дело кое ќе vи овозможи пријатен одмор и интимна атмосфера на отворено се и виновата лоза и други растенија каде можат да се постават да растат околу додатните детали како решетки и други градинарски детали и да се постават во насока за која посакуваме. На овој начин ќе се добие модерен дизајн и разубавување на вашата градина.

hortikultura.mk_ukrasni_krovni_gradini_5

hortikultura.mk_ukrasni_krovni_gradini_6
За да може да уживате во природниот пејзаж, додајте преграда од стакло. Доколку се одлучите за декорацијата од стаклен детал изберете креативен начин и додате луксуз во вашата креација. Освен како преграда, стаклото може да се користи и како страничен панел во некој дел од градината, но и самиот покрив да биде изработен од стакло.
Вашата градина може да ја збогатите додавајќи фонтана или водопод со фокусна точка на поставеност по сопствен избор. Осветлувањето и други додатни светилки придонесуваат за поинтимна атмосфера. Тие се суптилни, но се доволни за да обезбедат доволно силна вештачка светлина. Друг суптилен начин за да се осветли кровната градина се и LED светлата, кои на некој начин ќе се потенцираат одредени области на надворешноста. Може да додате и подни светилки каде Вашата градина ќе претставува вистинско место за вечерно уживање.
Уживајте во панорамскиот поглед, прекрасниот пејзаж и споделете ги убавите моменти со своето семејство и најблиските на кровот од куќата, станот…

hortikultura.mk_ukrasni_krovni_gradini_7

hortikultura.mk_ukrasni_krovni_gradini_8

hortikultura.mk_ukrasni_krovni_gradini_9

hortikultura.mk_ukrasni_krovni_gradini_10

Loading...