Booking.com

Доколку зборуваме за најдобрите градини во светот, секако јапонските градини се наоѓаат на врвот на листата. Тие се нешто повеќе од само обични градини, надополнети со камења, вода, куќички и фенер од камен кој прави да се чувствувате како да сте во рајот. Меѓу сите овие елементи, камењата се сметаат за многу вaжен елемент во јапонските градини, тие се првата работа која ги привлекува погледите на посетителите.

hortikultura.mk_japonski gradini 2

Камењата се користат за изработка на патеки во градината или како интересен детаљ за подобар изглед, како на фонтаните и водопадите.

Втор битен елемент кај овие градини е секако водата, која е симбол на чистота. Нема да најдете многу фонтани во една јапонска градина, ако тие не се природни. Покрај фонтани може да забележите и водопади, потоци или езера, каде водата тече природно и дава чувство на свежина.

Многу често може да се забележи фенер од камен поставен во близина на поток или езерце, во однос на овие елементи.

hortikultura.mk_japonski gradini 3

Секако не може да ги пропуштите цвеќињата кои даваат чувство на промената на годишните времиња во јапонската градина. Заокружени до дрвја, најчесто јапонски јавор или јапонски црн бор.

Меѓу пространите шуми на Портланд, се наоѓа еден прекрасен простор кој е познат како „Портландска јапонска градина“

hortikultura.mk_japonski gradini 4

Ова место се смета за најавтентична јапонска градина надвор од Јапонија. Магичните градини привлекуваат голем број посетители секоја година, кои доаѓаат од цел свет. Овој парк, кој постои веќе 50 години, содржи пет различни јапонски градини: Flat Garden, Strolling Pond Garden, Natural Garden, Tea Garden и Sand and Stone Garden.

Со својата приближно слична клима како во Јапонија, Портланд се покажа како совршено место за ова ремек дело на архитектот Такума Тона. Прв пат овие јапонски градини се отворени за јавноста во текот на 1967 година. Традиционално, нивната намена е поврзување на човекот со природата и создавање чувство на спокој и мир, баланс и хармонија.

Овие пет градини се направени од камен, вода и растенија, како и голем број на секундарни елементи како што се пагода (кула), езерца и мостови. Дизајнерите ја осмислиле секоја градина со посебна намена.

На пример, Tea Garden е место кое е наменето за уживање и размислување, и поради тоа содржи сликовити патеки за шетање. Во Sand & Stone градината, фокус е ставен на празниот простор, така да пејзажот е отворен, празен и нема толку растенија како во другите градини. 

hortikultura.mk_japonski gradini 5

hortikultura.mk_japonski gradini 6

Loading...