Booking.com

Со векови наназад, јапонските градини пленат со својот пејзажен дизајн и нивната популарност сè повеќе расте. Јапонските градини биле место за опуштање, рекреација и спокој на јапонските цареви. Меѓутоа, денес овој стил на градини сè повеќе се користи и кај јавните паркови. Луѓето обожаваат да го поминат своето слободно време на вакви места.

hortikultura.mk_japonska_gradina_2

hortikultura.mk_japonska_gradina_1 hortikultura.mk_japonska_gradina_3

Јапонските градини станаа инспирација за многу луѓе кои професионално се занимаваат со пејзажен дизајн и луѓе кои сами си ги дизајнираат своите дворови. Некои не сакаат да ги користат сите елементи кои ги содржи овој вид на градина, додека пак одредени аспекти си наоѓаат свое место во градините ширум светот. Камења, езерца, мали статуи, се само еден мал сегмент од јапонските градини кои перфектно би се вклопиле во вашиот простор.

hortikultura.mk_japonska_gradina_4 hortikultura.mk_japonska_gradina_5 hortikultura.mk_japonska_gradina_6 hortikultura.mk_japonska_gradina_7
Со почетокот на пролетта, се враќа и желбата кај луѓето за ширење на зелените површини во дворот. Доколку размислувате за редизајнирање на вашиот пејзаж зад куќата и имате желба да изградите совршено место каде ќе најдете душевен мир, тогаш овие идеи кои имате прилика да ги видите, сигурно ќе ве насочат кон тој правец.

hortikultura.mk_japonska_gradina_8 hortikultura.mk_japonska_gradina_9 hortikultura.mk_japonska_gradina_10 hortikultura.mk_japonska_gradina_11 hortikultura.mk_japonska_gradina_12 hortikultura.mk_japonska_gradina_13

Loading...