Booking.com

Луковичестите растенија го добиле името поради задебелениот подземен дел (луковица), кој на овие растенија им служи како резервоар за храна. Тоа, всушност, им овозможува на луковичестите растенија преживување во периодот на мирување.

Некои видови цветаат рано напролет (на пример, цикламата, перуниката или кокичето), кога повеќето други растенија се во состојба на мирување. Луковичестите растенија што цветаат во лето или во есен се разликуваат од другите видови, не само според обликот и нијансите на цветовите, туку и според големината (цветовите на луковичестите растенија што цветаат подоцна се покрупни).

Голем број луковичести растенија потекнуваат од предели со медитеранска клима, па затоа за одгледување на овие видови се потребни сончеви места и топли и суви лета.
Луковичестите растенија може да се одгледуваат во затворен простор и на отворено. Во пределите со умерена или студена клима, чувствителните видови луковици, особено оние на кои им треба сув летен период за мирување (за да можат да цветаат обилно), најсоодветно е да се одгледуваат во затворен простор, бидејќи без соодветна заштита на отворен простор нема да преживеат.

Другите поотпорни видови луковици се одгледуваат на отворено. Овие видови може по цветањето да се остават во почвата да мируваат до следната година или да се извадат и да се чуваат во одредени услови и во пролет повторно да се засадат за да цветаат.

При уредување на зелените површини, луковичестите растенија може да се постават на различни места:

  • Тревни површини Треба да се изберат силни и отпорни видови кои ќе можат да се борат со тревата за вода и храна. Кај нас традиционално се садат нарциси или шафрани.
  • Околу стеблата на дрвјатаПочвата околу дрвјата е влажна и претставува идеално место за цикламите, за зумбулите или за нарцисите.
  • Камени корита – Старите садови за перење или камени корита се особено погодни за одгледување на кринови или циклами.
  • Водни градини Покрај бреговите на водните површини одлично ќе се вклопат прекрасните перуники засадени во збиени групи.
  • Садови – Во близина на влезот од куќата своето место можат да го најдат мирисливите зумбули засадени во интересни декоративни садови.

Loading...