Booking.com

Божиќните и Новогодишните празници се ближат и време е сами да си направете украсен венец за на врата…

Божиќното расположение е започнато, а трговските центри се полни со божиќни украси и декорации со кои можете да го украсете вашиот дом, како би го осетиле вистински духот на празниците. Меѓутоа, доколку имате малку креативност и имагинација, одвојте слободно време и направете си декорација која ќе го краси вашиот дом.

Ви нудиме идеи за венец на врата – едноставен и лесен за изработка. Идејата можете да ја надополните со некоја ваша идеја и замисла.
Подгответе неколку работи кои ви се потребни за изработката на венецот: гранчиња бор – пластични или природни и подлога – круг за венецот на кој ќе се поставуваат гранките.

Доколку сакате да добиете ефект на снежен венец, сите гранки испрскајте ги со спреј со бела или златна боја.
Рустикален стил на венецот ќе му дадете со машни во земјени бои, а доколку преферирате други бои, слободно украсете со црвена, сина, зелена…

За да добие што побогат изглед, украсете го венецот со божиќни украси, мали топчиња – едноставно и ефектно !

 

Loading...