Booking.com

За успешно напредување на сукулентите се потребни светлина, топлина и воздух. Тие не бараат особено внимание. Полевањето на растенијата е најдобро да се врши откако почвата ќе се исуши, а во однос на периодот од денот, најдобро е кактусите да се полеваат рано наутро или доцна навечер.

Во зимскиот период наводнувањето треба да се врши на 14 дена, но да се внимава притоа почвата да не се пресуши, со што ќе се исуши и кактусот. Со цел да се поттикне цветањето, потребно е кактусите да се прихрануваат, но само во периодот на растење, а не и во периодот кога мируваат.

Побрзорастечките видови кактуси треба да се пресадуваат на секои 2-3 години, а сукулентите со бавен раст на секои 4-5 години. Пресадувањето се врши во сад што е за еден број поголем од претходниот. Пред почетокот на вегетацијата и една недела по пресадувањето не треба да се полева.
Во зимскиот период, кактусите треба да се чуваат на минимална температура од 6-8 C°, а максималната температура треба да биде околу 15 C°. Наводнувањето треба да се врши на секои 7 до 10 дена.

Loading...