Booking.com

Конструкцијата на перголата може да биде посебно изградена во градината или како составен дел на самиот станбен објект. Најчесто се поставува над патеката за автомобилот, над гаражата, над скарата, над местото за седење и одмор во дворот, како настрешница и слично.
Конструкцијата мора да биде добро изградена и од цврсти материјали кои најчесто се препорачуваат: армиран бетон, метални цевки, железо и дрвени греди. Најчесто се препорачува да се употребуваат овие материјали бидејќи околу самата конструкција се садат растенија кои со својата тежина може да делуваат на самата стабилност на конструкцијата.

hortikultura.mk_pergola_2
Бетонските носачи се поставуваат кога перголата потребно е да се постави како дел од зградата или над фасадата на самиот станбен објект. Ваквата поставеност на перголата овозможува заштита и стабилност од временските услови како и во случаи на поројни дождови и најниски температури и снег.
При користење на металната конструкција задолжително се употребуваат водоотпорни бои за метал во разни бои се со цел заштита од корозија на железото и поубав изглед, како и заштита од атмосферските влијанија. Заради поголема стабилност, металот мора да се втемели во бетонскиот фундамент на самиот објект, но се користи и како носач на ползавци, а не како самостоен елемент во дворот.
Најприродни и најубави носачи претставуваат градбите од дрвени греди. Ваквата градба мора да биде добро обработена без остатоци од сечење и нерамни делови. При поставувањето на дрвените греди мора да се внимава да се заштитат од влијанието на сонце, ветер и дожд и да се премачкуваат со заштитен лак најмалку два пати.

hortikultura.mk_pergola_3

hortikultura.mk_pergola_4
Постојат и други видови на перголи кои не претставуваат потпора за растенијата туку се користат за намалување и заштита од сонце и намалено осветлување. Затоа се поставуваат на веќе изградена тераса каде се добива место за одмор на полуотворен простор. Најчесто ваквата градба се поставува во висина од 2,2 метра.
Перголата во одредени ситуации се користи и како кровна конструкција со попречно поставени дрвени греди и најчесто се поставува на преминот од влезот до домот или до гаражата како и за покривање на пешачката патека.
Перголите се градат и како посебен објект во градината односно самата конструкција и наликува на дрвена куќичка која најчесто изгледа на повлечено и интимно место за одмор.

hortikultura.mk_pergola_5

hortikultura.mk_pergola_6

hortikultura.mk_pergola_7

Loading...