Booking.com

Перуниката (лат. Iris) спаѓа во групата на луковичести растенија, но се одгледуваат и како повеќегодишни зелјести растенија. Потекнува од Медитеранот, Средниот Исток и од Северна Африка, од каде што се проширила низ цела Европа, освен на крајниот север. Позната е од времето на старите Египќани, каде што се употребувала за правење на мириси. Домашното име го добила по словенскиот бог Перун. Се верува дека на местото каде ќе удри гром расте перуниката со исклучително привлечни и прекрасни бои. Има повеќе вариетети и многу сорти кои се употребуваат во хортикултурата.

hortikultura.mk_iris_perunika_2

hortikultura.mk_iris_perunika_3

hortikultura.mk_iris_perunika_4
Расте со самоникнување на каменити и суви места, доста сончеви. Најчесто се среќаваат низ домашни дворови како украсно растение. Расте од 30-100 cm. Листот на билката има облик на меч, а цветот е многу убав и може да биде во нијанси од плава до пурпурна боја, може да биде и потполно бел, но и жолт (барска перуника).

Цветовите се развиваат на врвот од стеблото и ги има, најчесто, по три цвета. Тие се составени од 6 цветни листови распоредени во два реда од кои надворешните се свиткани, а внатрешните прави. Цветовите имаат пријатна миризба. Цвета од мај до јули. Во сенка не цвета.

hortikultura.mk_iris_perunika_5
Перуниката расте на различни типови на почва, но за одгледување бара среднолесна и плодна почва, со нормална влажност и киселост pH 5-7. Не е погодна тешка, многу кисела и влажна почва.
Нејзиното размножување е со помош на расад, со делење на изданоци и со делење на ризомот. Почнува со сеење на семето во рана пролет, но е потребно 3 до 8 години за да процвета и да се развие квалитетен ризом. Се применува само за селектирање на нови украсни сорти. Делење на изданците и на ризомот е најчест начин на размножување. Изданоците и ризомот се издвојуваат од старите засади во есен, по вадењето на ризомот. Прво се издвојуваат вршните изданоци и ситните ризоми и се чуваат до садењето.

Луковиците треба да се садат на длабочина во почвата 2 пати поголема од висината на самата луковица.

hortikultura.mk_iris_perunika_6

hortikultura.mk_iris_perunika_7
Постојат околу 300 различни видови на на ирис, меѓу кои најпознати се: iris germanica, iris pseudacorus, iris louisiana и iris hollandica.
Зборот ирис со јазикот на цвеќето симболизира елоквентност. Во зависност од нивната боја, ирисите пренесуваат различни пораки. Пурпурниот ирис е симбол на мудрост и ласкање. Син ирис симболизира вера и надеж. Жолт ирис симболизира страст, додека бел ирис симболизира невиност. Ирисот како подарок може да се искористи за да се пренесат многу емоции. Денес најчеста употреба има во козметичката и индустријата за парфеми.

Како режан цвет ирисот важи за прекрасен детаљ за ентериери…

hortikultura.mk_iris_perunika_8

hortikultura.mk_iris_perunika_9

Loading...