Booking.com

Пустинска роза (Adenium obesum) е интересно дрво, кое е познато e како Mock Azalea, Impala Lily, Sabi Star, Kudu или Desert-rose. Потекнува од Источна Африка и Јужна Арабија, од регионите каде има чести врнежи на дожд во текот на летото и е многу суво во текот на зимата. Покрај спектакуларните цветови, главна карактеристика на овој сукулент е неговото изразено и набабрено стебло, кое служи за складирање на вода и по кое го има добиено и името (obesum = дебел).

hortikultura.mk_pustinska_roza_2

hortikultura.mk_pustinska_roza_3
Супстратот во кој се одгледува и полевањето е исто како и кај кактусите. Помеѓу две полевања супстратот треба да се исуши. Во зимските месеци само повремено треба да се полева со мала количина на вода. На почетокот на зимата (освен ако се чува во идеални услови), му паѓаат листовите. Минималната температура на која треба да се чува во текот на зимата е 10°C.
Цветовите имаат црвена/розева боја (цвета обично после третата година). Цвета во пролет и по вторпат во септември. Достигнува висина до 1,5 m. Се размножува со семе или со режење. Најдобро време за тоа и во двата случаи е пролет.

hortikultura.mk_pustinska_roza_4

hortikultura.mk_pustinska_roza_5

Loading...