Booking.com

Постојат стотици видови на растителни аранжмани и невозможно е сите да бидат класифицирани и точно опишани. Во зависност од местото каде што ке биде поставена композицијата, растителните аранжмани може да бидат:

– еднострани

– многустрани

Многустраниот, растителен аранжман е создаден да се гледа од сите страни и се поставува во средината на просторот. Гледан одозгора,многустраниот аранжман може да има округла, овална или квадратна форма.
Едностраниот, растителен аранжман е создаден да се гледа само однапред или евентуално од страна. Погоден е за бифеа и агли, односно ќошеви. Гледан одозгора има форма на триаголник. Во однос на стилот, растителните аранжмани можат да бидат изработени во:

– слободен стил и
– строг стил.

Слободниот стил на аранжирање ги избегнува строгите, геометриски линии, а за разлика од него, кај строгиот стил на аранжирање, формите се најчесто геометриски.

Најголем број аранжери ја применуваат класификацијата, која е направена, врз основа на слободниот простор во границите на композицијата. Според оваа класификација се разликуваат четири стила на аранжирање:

• обемен (масивен) стил на аранжирање на растенијата;
• линиски стил на аранжирање на растенијата;
• линиско-обемен стил на аранжирање на растенијата;
• мешан стил на аранжирање на растенијата.

Кај композициите кои се изработени во обемен, односно масивен стил на аранжирање, слободниот простор во границите на композицијата е многу мал.

Кај растителните аранжмани, изработени во линиски стил, слободниот простор во границите на композицијата е голем. Кај композициите во линиско-обемен стил на аранжирање има слободен простор, освен во делот кој е ограничен со линиски, растителен материјал.

Композициите изработени во мешан стил на аранжирање, обединуваат повеќе стилови или пак, тоа се композиции кои не можат да се вклучат во ниту една од споменатите групи на стилови.

Loading...