Booking.com

Секој сонува да има убаво дизајнирана градина во својот дом, меѓутоа доколку сте ограничени со простор, веројатно градината е тешко достижна за вас…

Добрата вест е што дури и кога немате доволно простор во вашиот двор, можете да си создадете убава мала градина, преполна со вашите омилени растенија и цвеќе. Малите градини можат да бидат совршени за предниот дел од куќата или тремот. Најбитниот дел во креирањето на мала градина е изборот на видот на растенијата, коишто ќе одговараат на просторот во кој го поминувате поголемиот дел од денот.
На пример, морате да имате во предвид дали просторот има доволно светлина, дали климата е доволно топла или ладна, типот на земјиштето, пред да започнете со садењето. Со доволно трпение, голема љубов и грижа, вашата мала градина може да биде идеално место за уживање во топлите летни денови.

Loading...