Booking.com
Ако се занимавате со одгледување на растенија, тогаш сигурно сте приметиле дека во последно време сукулентите се доста популарни, а главната причина за тоа е што тие не бараат некоја посебна нега за да успеат. Поточно, на нив не им е потребна никаква нега.

Сукулентите се растенија кои успеваат во секое подрачје, како пустина, а се карактеризираат со мали, тврди листови. Најпознатиот сукулент кој се среќава кај нас е „чуварот на куќата“ (лат. Sempervivum). Се одгледуваат со векови и најчесто се избираат за одгледување како канцелариски билки на кои не им се потребни посебни услови.

Зошто треба да одгледувате сукуленти

Ако сте една од оние личности на која им венее растението штом го погледнат, а имате огромна желба да го украсите работниот простор со зеленило, тогаш сукулентите се создадени за вас.
Сукулентите се залеваат многу малку, а плевење скоро и да не е потребно. Постојат различни видови на сукуленти, во различни бои, кои можете да ги поставете на биро во канцеларија или на прозорот во кујната.

Сукулентите се отпорни на инсекти. Повеќето луѓе не сакаат растенија во својот дом или канцеларија баш поради тоа што привлекуваат инсекти. Меѓутоа, тоа не е случај со сукулентите и баш поради тој факт се толку привлечни за одгледување. Растенијата кои не бараат многу вода не привлекуваат инсекти, а тоа е поради дебелите и тврди листови во кои инсектите тешко може да продрат.

ПРОЧИТАЈ:  Sempervivum | Чувар на куќата
ПРОЧИТАЈ:  Crassula capitella – Најубавиот и најфасцинантен сукулент
ПРОЧИТАЈ:  Sedum | Сукулентно растение за почетници

 

Loading...