Booking.com

После завршувањето на архитектонското натпреварување во Швајцарија, архитектот Стефано Боери доби зелено светло за изградба на „вертикална шума“ во градот Лозана. Во новата градба ќе доминира зеленило, а може да се пофали и со одржлива технологија од соларна енергија и систем за собирање на дождовница.
Доколку дизајнот на овој проект на вертикална градина „La Tour des Cedres“ ви е познат, тоа е затоа што неговиот дизајн е сличен на оној што Боери го има реализирано во Милано – проектот „Bosco Verticale“, а за кој има добиено и награда.
Овој проект во Лозана ќе има вкупна висина од 117 метри и површина од 3000 метри квадратни. Поголем дел од површината ќе биде покриена со зеленило и 100 кедрови дрвја, 6000 грмушки и 18.000 други видови на растенија. Проектот на кула за мешовита намена ќе има 36 ката, со луксузни апартмани, деловни простории и малопродажен објект од 5000 метри квадратни. На последниот спрат ќе биде сместен ресторанот со панорамски поглед на градот Лозана. Екстериерот на зградата ќе се состои од конзолни бетонски жардиниери.


„La Tour des Cedres“ може да се пофали и со одржлива технологија, што вклучува соларни панели, геотермални топлотни пумпи и систем за собирање на дождовница, што севкупно ја намалува количината на енергија која би се користила на стандарден начин.

Изградбата на овој футуристички проект е предвидена за 2017 година.

Loading...