Мебелот изработен од ратан и плетена жица, отсекогаш бил главен протагонист кај сите отворени простори наменети за уживање…
Пред неколку години се појави тренд на пренесување на мебелот со вакви материјали од екстериерот во ентериерот, така што денес можеме да уживаме во нивната уникатна убавина и естетика во текот на секоја сезона од годината, без разлика дали е топло или ладно.
Благодарение на многу дизајнери од целиот свет, кои смело чекорат надвор од зоната на комфорот и ни носат непредвидливи и некако неочекувано дизајни, овој мебел е сега достапен во повеќе варијанти и форми, како и со повеќе намени, така што сега секој ентериер може да се претвори во тропска оаза.
Мебелот е дизајнерско дело на познатата миланска дизајнерка Моника Армани, создаден за италијанскиот бренд Varaschin. Оваа колекција е наречена Emma и се карактеризира со плетен потпирач, што е еден вид на референца за Varaschin како производител на плетен мебел од ратан и плетена жица.
Столот е достапен во различни бои и текстил, вклучувајќи и синтетичко предиво и водоотпорни материјали, така што е погоден за употреба во екстериери и ентериери.
Моника Армани дизајнираше две верзии од овој феноменален стол, па во понуда може да се најдат традиционален трпезарски стол и фотелја во ист стил.
ПРОЧИТАЈ: Идеален градинарски мебел со врвен италијански дизајн
ПРОЧИТАЈ: Најдобрите лежалки за вашите екстериери