Еден од најдобрите начини да го освежите вашиот простор е вертикална градина со бујно зеленило…
Тоа е еден од главните трендови на денешницата, кој ни нуди решение за секој буџет. Без разлика дали веќе имате изградено вертикална градина или сте во план да градите, секако ќе имате преубав амбиент. Денес ви претставуваме 16 идеи за вертикални градини кои ќе ве инспирираат да ги внесете во вашиот дом – ентериер или екстериер.
Иновативни материјали
Неочекувани материјали може да бидат искористени за креирање на уникатни вертикални садници. Празни пластични шишиња се само еден од примерите кои можете да ги видите во галеријата од фотографии. Исто така, ако имате стари бакарни цевки или истите можете да ги набавите по поволни цени, може да бидат идеални за вашиот проект.
Врамено зеленило
Многу популарни вертикални градини се врамени, креирајќи на тој начин бујно зеленило. Ако немате време да направите своја градина, тогаш можете да купите веќе готова. На вас останува само да го одберете вистинското место во домот каде ќе ја поставите.
Џепови за растенија
Постои голем асортиман на мали саксии кои се идеални за креирање на вертикални градини во склад со можностите на вашиот простор. Нивните т.н. „џепови“ за растенија се лесни за употреба и се со интересен модерен дизајн, а направени се од рециклиран материјал. Ако се одлучите за оваа варијанта, ви предлагаме во џеповите да насадите бујни растенија кои истите во целост ќе ги покријат со своето зеленило.
Елегантни модерни решенија
Понекогаш, сè што ви треба за креирање на ваква градина се едноставни материјали, како што се даски од даб или теракотни саксии. Совршено едноставно, а сепак привлечно. За ваков проект може да користите и стаклени тегли и други видови на дрво.
Градина во олук
Олуците се идеални места за креирање на вертикални градини, а често можете да ги купите за малку пари. Бакарните цевки се исто една од можните опции за вашата градина. За било кој материјал да се одлучите, се што ви треба да направите е да ја закачете цевката за ѕидот и да го посадите вашето омилено цвеќе.
Живи панели
Денешните предлози за вертикални градини ќе го завршиме со т.н. „живи панели“. Како прво, панелите се идеални ако сакате да ја декорирате оградата во дворот со зеленило. Модерните огради совршено функционираат со овој концепт. Со малку фантазија и креативност, вертикалните градини со ваков тип на панели ќе го оживеат било кој простор.
Доколку сакате да креирате вертикална градина на поголем ѕид, тогаш најдобро е да повикате професионалци за помош. Нивната експертиза е од непроценлива вредност, кога станува збор за креирање, монтажа и одржување на самата вертикална градина.
Бидете креативни и направете си своја вертикална градина…