Booking.com

Направете избор на најубавиот бидермаер…
Како дел од организацијата на најубавиот животен чин е токму крунисувањето на заедничката љубов кое сите го посакуваме и очекуваме. Безброј прашања, различни одговори, илјада мисли, неправилен или правилен избор, каков вид на цвеќе и слично се мислите на понежната половина при изборот на соодветниот бидермаер. Обичајот на носење на бидермаер датира уште од античкото време каде цвеќето симболизира плодност.
Во прилог ќе ви помогнеме со неколку важни совети.
Пред сè бидермаерот мора да се усогласи со стилот и деталите на самата венчаница. Бојата, големината и изборот на цветови зависи од сопствениот вкус. Секој цвет си има посебна убавина, автентична и различна од останатите. Одредени девојки се одлучуваат и за букет цвеќе кое има необичен ексцентричен куп и претставува комбинација на идеи и форми кои може да ги додадете на букетот (пердуви, бисери)… Ви препорачуваме рози (црвени и бели), праска нијанси кои се нежни, гербери, кала, лале…
Сакајќи да изгледате поразлично и поубаво од останатите може да се изгубите во комбинациите, затоа препорачуваме:
•   Изборот на бојата на цвеќе да биде во нежни нијанси
•   Бидермаерот мора да биде во согласност со стилот и бојата на сопствeната венчаница
•   Изборот на цвеќе е по сопствен избор
•   Големината и формата на бидермаерот е по сопствен избор
•   Големината и должината на дршката на бидермаерот е по сопствен избор
•   Други детали се дозволиви доколку стилот на самата венчаница може да дозволи дополнителни детали
•   Секој вид на цвеќе е со автентична убавина и нема да направите погрешен избор.
Размислете што посакувате, што ве прави задоволна, која е вашата омилена боја и не се разочарувајте…

За да ви помогнеме при изборот погледнете ги нашите предлози во галеријата !!!

hortikultura.mk_bidermaer_2

hortikultura.mk_bidermaer_3

hortikultura.mk_bidermaer_4

hortikultura.mk_bidermaer_5

hortikultura.mk_bidermaer_6

hortikultura.mk_bidermaer_7

hortikultura.mk_bidermaer_8

Loading...