Booking.com

Армеријата (лат. Armeria maritima) е позната и како холандска трева, приморски каранфил и бабина свила. Води потекло од Европа. Спаѓа во групата на перени, односно покривачи на почвата. Погодна е за одгледување на камењарници, мешани леи и бордури во дворот. Убаво изгледа и како режано цвеќе во вазна, а може да се одгледува и во саксија која во текот на зимата се внесува во затворен простор.

Таа е доста декоративна, ниска перена која достигнува висина од 10-15 см, а во текот на цветањето и до 20 см. На прв поглед потсетува на бусен трева поради своите листови. Доколку се посади на одвоено од другите растенија, со тек на време формира топка, додека растенијата посадени на мало растојание, во краток временски период формира „тепих“. Инаку, армеријата е растение со многу мали потреби за одгледување. Отпорна е дури и на почва со зголемен салинитет и бакар.

Исто така, успева на места со сончева и полусончева позиција. Расте и на сиромашни почви и на богати со хумус. Не бара премногу влага, нити често залевање. Дури, преголема влага може да предизвика трулеж на коренот, а набргу и на целото растение (ова растение е најраспространето по медитеранските градини).

Цвета во текот на мај, јуни и јули. Цветовите се топчести и ситни. Најчесто се розеви или бели. Се размножува со семе или со делење на бусенот. Целото растение (бусен) се вади од почвата во текот на касна есен или рано пролет и се дели на помали делови. Ако се размножува со семе, тогаш ќе цвета во втората година.
Armeria maritima има многу вариетети. Често се одгледува Armeria maritima Rubrifolia, која има темни, црвенкасти листови и Armeria maritima Variegata Nifty Thrifty која има зелени листови со бело-жолти рабови.

Loading...