Booking.com

Атлантскиот кедар (лат. Cedrus atlantica) спаѓа во фамилијата Pinaceae. Некои го третираат како вид на кедар, а некои го сметаат дека е подвид на либанскиот кедар (лат. Cedrus libani A. Rich. subsp. atlantica). Атлантскиот кедар расте во Северозападна Африка, на планините Атлас и Риф (Алжир и Мароко).
Овој величенствен четинар со широко пирамидален хабитус може да достигне висина до 25 метри и ширина до 15 метри. Кората му пука доста длабоко после 20-30 години. Овој кедар цвета од септември-октомври.

Шишарките созреваат во зима во втората година од цветање или во пролет во третата година од цветање. Добро поднесува екстремни климатски услови, па поради тоа се смета за најотпорен вид на кедар. Расте доста брзо, релативно е отпорен на штетните гасови (аерозагадување) и е потолерантен на суша и топлина од повеќето четинари. Успева на сите типови на почва. Треба посебно да се посвети внимание на коренот при транспорт на растението.


Размножувањето се врши со семе и тоа сеење веднаш после зреењето во есен или во март (после стратификација). Некои видови се размножуваат и со калемење – странично спојување или калемење во страничен засек на подлоги стари три години.
Најкористен култивар на атлантскиот кедар е Cedrus atlantica ‘Glauca Pendula’. Кај нас, најчесто се среќава во парковите, се одгледува како солитер или во помали групи во градските средини, заради својата декоративност и издржливост на градските услови. Значи, погоден е за големи градини, паркови, скверови и сл. Дрвото од атлантски кедар има пријатен мирис и добар квалитет, многу е ценето во градежништвото и резбарството. Други познати култивари се: Columnaris’, ‘Pyramidalis’, ‘Pendula’, ‘Glauca’ и ‘Glauca Pendula’.

Loading...