Booking.com

Божиќна ѕвезда (Euphorbia pulcherrima) е повеќегодишна собна билка и прекрасен украс за ентериерот во домот. Најмногу се купува пред Новогодишните и Божиќни празници. Специфична е по тоа што цвета баш во периодот околу Божиќ. Поради тоа е популарна во целиот свет. Совршена е за подарок за своите најблиски роднини и пријатели, а со своите прекрасни цветови ќе го разубави секој простор за време на Божиќните празници.

Она што ние го нарекуваме цветови, всушност не се вистински цветови, туку се листови на растението или лажни цветови, кои можат да бидат во најразлични бои: црвена, жолта, портокалова, бела и крем. Вистинските цветови се многу мали и неприметни и имаат зелена или жолта боја, а се во форма на бобици.

SONY DSChortikultura.mk_bozikna_zvezda_euphorbia_3

Растението кое ќе го купите треба да има темно зелени лисја. Растение со оштетени лисја покажува дека се работи за несоодветно негувана билка. Бирајте растение со здрави лисја („цветови“). Проверете дали билката е квалитетно заштитена, бидејќи при изложување на ниски температури надвор од продавница, може да предизвика оштетување на цветовите и лисјата. Во домот, оставете ја десетина минути, па дури тогаш треба да ја одмотате.

hortikultura.mk_bozikna_zvezda_euphorbia_4

Божиќната ѕвезда се поставува во близина на прозор или на некое друго осветлено место. Особено треба да посветите внимание растението да не биде во допир со ладното прозорско стакло. Таа е тропска билка и бара оптимална температура за одгледување околу 25°С. Високите температури и кратки температурни разлики ќе го скратат животниот век на ова растение, така да избегнувајте нејзино изложување на топлината од радијаторите, клима уредите, вентилацијата, како и места каде често се отвара прозор или врата. Ноќната температура во просторијата во која се одгледува треба да биде околу 12-15°С за да се продолжи периодот на цветање.

hortikultura.mk_bozikna_zvezda_euphorbia_5

Влажноста на почвата треба да ја проверувате секој ден и залевајте ја само тогаш кога земјата е потполно сува. Залевајте ја на тој начин што водата ќе достигне до подлогата на саксијата. Ако ја залевате премногу, долните листови ќе почнат да жолтеат и венат, а пак при недостаток на вода почнуваат да паѓат. Затоа, набавете течно минерално ѓубриво и додавајте го еднаш месечно.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

При крајот на зимата и почетокот на пролетта, растението ќе заврши со своето цветање и ќе почне да паѓа. Тогаш треба да ги скратите сите гранки на околу 10-15 см висина, а растението да го преместите на постудено место. Скратувањето на растението ќе предизвика раст и развој на пупките. Во периодот од март до октомври проверете дали растението ја „надраснало“ саксијата и во тој случај пресадете ја во поголема саксија. На дното од саксијата, под земјата поставете еден слој на сите камен или чакал и залевајте обилно, еднаш неделно. На есен, растението внесете го внатре во домот за да ја заштитите од мраз. Овој период е многу незгоден, бидејќи температурата осцилира во текот на денот. Всушност, на есен настапува најинтересниот и најчудниот дел од одгледувањето на ова цвеќе. Имено, за да процвета, потребни и се 10 часа светло и 14 саати темно. Поради тоа, од почетокот на октомври, ова божиќно цвеќе се поставува во потемна просторија без било каков извор на светлина. Треба да биде покриена од попладне до касно наутро. Само во такви услови без контакт со светлина ќе развие прекрасни црвени листови во кои ќе уживате за следниот Божиќ.

hortikultura.mk_bozikna_zvezda_euphorbia_7

Loading...