Booking.com

Панорамата и крајбрежјето на Дубаи е збогатено за уште еден луксузен резиденцијален комплекс…
Bulgari Hotels & Resorts корпорацијата потпиша договор со компанијата Meraas Holding од Дубаи, која се занимава со развој и трговија на недвижности. На самиот остров Jumeirah Bay, ќе биде изграден Bulgari Resort & Residences комплексот со 165 станови, 8 пентахус, 15 вили и хотел со 5*.

hortikultura-mk_bulgari-resort_1 hortikultura-mk_bulgari-resort_2 hortikultura-mk_bulgari-resort_3 hortikultura-mk_bulgari-resort_4
Планирано е овој комплекс да биде отворен во 2017 година, а ќе биде петти во низата што ги поседува брендот Булгари. Ќе се простира на површина од преку 170.000 м2, а ќе биде омилено место за богатата елита во Дубаи. Хотелот ќе има 101 Булгари брендирана соба, со 20 резиденцијални вили, под водство на Mariott Ritz Carlton. Становите ќе имаат од една до четири спални соби, додека пак вилите ќе имаат од три до шест спални соби.

hortikultura-mk_bulgari-resort_5 hortikultura-mk_bulgari-resort_6 hortikultura-mk_bulgari-resort_7
Во овој проект е вклучена и марина за јахти со 50 места, како и Булгари јахтинг клуб. Комплексот е дизајниран од италијанската фирма Antonio Citterio Patricia Viel and Partners и ќе биде во форма на огромна потковица. Целна група кон која е насочен овој проект се богатите жители на Дубаи. Веќе има заинтересирани купувачи и од Европа, Кина и Индија, а многу од нив се заинтересирани и за вложување во овој проект.

hortikultura-mk_bulgari-resort_8 hortikultura-mk_bulgari-resort_9 hortikultura-mk_bulgari-resort_10

Loading...