Според одредени верувања, циклама е цвеќе – симбол на искреност, длабока љубов, сигурност и среќа. На местата каде таа е поставена и се одгледува нема недоразбирања и зло туку баш напротив, компромис и разбирање, бидејќи според одредени древни верувања таа претставува симбол на смиреност и хармонија.
Цикламата (лат. Cyclamen) е повеќегодишно растение – едно од најпопуларните зимски собни растенија. Во однос на условите за одгледување на овој вид на цвеќе особено нагласуваме дека цикламата најдобро успева во студена просторија која не е премногу затоплена. Во периодот на мирување во времето на пресадување, потребно да ја поставиме во просторија која не е премногу топла, но и да не се поставува на места каде може да заледи или да биде поставено изложена на ниски температури.
Цвета од почетокот на есента до касна пролет. Цветовите на овој вид растение се со широк спектар на бои: бела, розова, црвена, виолетова или пак во две комбинации. Специфичната убавина на ова растение особено ја красат листовите во специфичен облик, особено облик на срце.
Постојат неколку видови на циклама: ниски (џуџе) циклами, малку поголеми и циклама со средна и стандардна големина која расте до 30 cm висина.
Без разлика каков вид ќе одберете, секој од различните видови опстојува на ниски температури до 5 степени. Не се препорачува да се поставува во просторија која е затоплена и со сув воздух, бидејќи лисјата брзо ќе овенат.
Препорачуваме да се чува во простории кои не се грејат, каде што температурата е помеѓу 10 и 15 степени. За овој вид на растение потребно е изложеност на светлина, но не се препорачува директна изложеност на сончеви зраци. Најсоодветно е да се постави до прозорец или во ходник кои се наоѓаат на северната или источната страна.
Вистинските љубители на ова цвеќе успеваат со својата грижа и вложен труд при одгледувањето да и овозможат на цикламата повторно цветање и во текот на следната година.
Доколку е добро негувана, цикламата може да цвета сè до месец март во тековната година. За периодот до март потребно е да се врши наводнување, да се отстранат цветовите кои се суви и да се врши дополнително хранење, но се препорачува само еднаш во текот на неделата.
Во текот на пролетта цикламата го запира својот раст и престанува со развојот на нови цветови. Кога цвета обилно тогаш цветовите и се помали. Потоа следи период на мирување во кој не се наводнува и не е потребно дополнително хранење бидејќи треба да се почека да сите листови се исушат во целост и да се отстранат за да може после повторно да цветаат. Во текот на месец мај може да се постави на балконот или во градината. Во средината на летото кога ќе почнат да се развиваат нови лисја тогаш е потребно да се овозможи пресадување на растението. Кога ќе се изврши пресадување повторно треба да се постави на светло место и да се врши редовно наводнување.
Доколку се придржувате кон советите, овој вид на растение може да опстои и да цвета и неколку години редоследно.