Booking.com
Покрај сите варијанти на новогодишни елки и празнично украсување на домот, ви претставуваме една сосема поинаква идеја…

Сукулентите и елките се наши фаворити од растителниот и декоративниот свет. Тие се присутни во текот на целата година во нашите домови, ги разубават со своите необични текстури, форми и облици, а елката е присутна само краток период, но кај нас будат чувство на топлина, единство и љубов и нè потсеќа на сите добри моменти од изминатата година и времето поминато со најблиските.

Многумина прават елка од ананас, меѓутоа овој не толку популарен тренд на комбинирање на елка со сукуленти, ви дава толку многу начини за креирање што едноставно не може се избројат.
Доколку сакате сами да си направете ваква елка, верувајте дека не е премногу тешко! Потребен ви е само еден конусен предмет за вметнување на сукулентните стебленца, а најдобро би било да биде зелена градинарска/цветна пена или сунѓер. Ако не можете да најдете таков сунѓер, тогаш направете конус од картон и пополнете го со влажен мов, а потоа замотајте го со провидно платно.

Како што знаете, во светот постојат голем број на видови сукуленти, така да може сами да одберете каква елка ќе направете и каде ќе ја поставете.
Најдобар вид на сукулент за новогодишна елка е Crassulа capitella, за кој пишувавме пред некое време и начини за негово одгледување. Ако не сте ја погледнале статијата, ве советуваме да го направите тоа сега, бидејќи ова е дефинитивно најсовршениот сукулент што постои и што изгледа феноменално во форма на елка.

Без светилки и украси, овие сукуленти може да го красат вашиот дом во текот на целата година, а не само за новогодишните и божиќни празници.

ПРОЧИТАЈ: Crassula capitella – Најубавиот и најфасцинантен сукулент

ПРОЧИТАЈ: Зошто сукулентите се толку популарни?

ПРОЧИТАЈ: Познатиот зебра сукулент │ Haworthia attenuata

Loading...