Booking.com

Фонтаните имаат естетеска намена и како такви постојат илјадници години. Нивната симболика е многу поголема од било кој друг елемент во градината.

Денес, фонтаните имаат декоративна функција. Звукот на жуборот на водата, ги прави фонтаните ултимативен украс во секој екстериер. Освен тоа, самиот звук на водата ги привлекува и птиците и пеперутките, кои со својата разиграност ќе му дадат уште поголема живост на дворот.

Фонтаните се класифицираат по неколку критериуми: местото на поставување, материјалот за изградба, видот на млазници. Најчести се фонтаните изработени од камен. За повеќето луѓе, тие се најдобар избор, бидејќи каменот е природен материјал и најлесно се вклопува во екстериерот. Освен тоа, често се и најевтини.
Доколку се решите сами да си направите фонтана, тогаш може да искористите стари глинени садови, природни камења од блиската река или поток. Камените фонтани можат да бидат крупни и скулптурални. Најбитно од сè е што треба да имаат голема отпорност на мраз во зимскиот период.
Доколку сакате вашиот двор да биде рај за уживање, тогаш освен тревник, цвеќе и дрвја, неизбежен украс ви е фонтаната. Со малку поголема креативност, ќе постигнете голем ефект во градината.

Ви предлагаме неколку идеи за прекрасни фонтани во вашата градина!

 

 

Loading...