Веројатно веќе ја имате украсено вашата куќа, стан или канцеларија, имате подготвено подароци за најблиските, па ви останува само да ја украсете новогодишната елка.
Се ближат најубавите празници во годината – Божиќните и дочекот на Новата година. Без обзир каква елка ќе поставете во домот – природна или пластична, нека биде посебна. Бидете креативни и одвојте слободно време за украсување на вашата елка (природен бор или смрча). Доколку имате мали деца, дајте им можност и тие да украсуваат и да уживаат во најубавиот ден во годината.
Ви даваме неколку идеи за декорација на божиќното дрво, а веруваме дека секој од вас ќе си најде по нешто според својот вкус.
Бело божиќно дрво е совршен избор за оние кои посакуваат елеганција и минимализам. Со малку креативност и труд, може да изгледа доста софистицирано.
Шарено божиќно дрво, со многу украси на него е идеално за развеселување на малите деца.
Доколку немате доволно простор во куќата или станот, набавете си мало божиќно дрво кое можете да го сместете покрај прозор или на некоја полица.