Booking.com
Времето веќе станува претопло и право време е да почнете да размислувате околу опремување на екстериерот за оваа година…

Доколку немате идеја како ова да го изведете, тогаш ви претставуваме колекција која може да ја поттикне вашата имагинација. Италијанската дизајнерка Paola Navone ја прошири својата InOut линија на производи креирани за компанијата Gervasoni и претстави неколку парчиња мебел кој ќе внесе елеганција на ентериерот и екстериерот. Новите парчиња од колекцијата вклучуваат лежалки, столици, трпезариски маси, масички за кафе. Дизајнирани со фокус на релаксирачки вибрации кои можат да се почувствуваат во нашите домови.

Колекцијата е креирана од материјал налик на плетени ткаенини, керамика, цемент и различни влакна, како би се додало уникатен изглед на секој поединечен дизајн. Паола продолжува да додава предмети во својата колекција, нудејќи стил во изобилство, форми и бои, како би се вклопиле на најлесен можен начин во било кое опкружување, трем, тераса, балкон, градина или двор. Во оваа серија на производи постојат класични, но и модерни парчиња, со благ примитивизам, кој денес е во тренд.

ПРОЧИТАЈ: Совршен мебел за уживање во топлите денови
ПРОЧИТАЈ: Идеален градинарски мебел со врвен италијански дизајн

 

Loading...