Booking.com

Сардела или пеларгонија (Pelargonium sp.) е растение кое води потекло од Јужна Африка. Тоа е цвеќе кое е многу распространето во нашиот регион. Постојат повеќе видови, а меѓу најпопуларните видови на сардела е Pelargonium zonale (исправена) и P. peltatum (висечка). Се одгледува најчесто како балконско цвеќе. Цвета од пролет до есен. Цветовите треба да се отстранат кога ќе пресуши. На тој начин се продолжува периодот на цветање. Пресадувањето се врши на пролет или во лето. Се размножува со резници кои се поставуваат на светло место и se залева малку.

hortikultura.mk_pelargonium_sardela_2

hortikultura.mk_pelargonium_sardela_3

hortikultura.mk_pelargonium_sardela_4
Како посебен вид на цвеќе, доколку пред почеток на зимата и ниските температури не се постави во затворен простор нема да може да цвета во текот на пролетта. Токму заради ова се препорачува да се постави на места каде ќе има пробив на светлина за да може да опстои.

hortikultura.mk_pelargonium_sardela_5

hortikultura.mk_pelargonium_sardela_6

hortikultura.mk_pelargonium_sardela_7
Сарделата може да опстои во услови на температура од 5 до 12°C и бидејќи има високи барања во однос на светлина, доволно е да ја поставите во близина на прозорец од каде може да навлегува светлината. Во текот на зимскиот период додека се одгледува во домашни услови потребно е да се наводнува со вода во мали количества за да се добие мала влажност на земјата, но не се препорачува дополнително хранење сè до почеток на пролетта.
Карактеристично за овој вид на цвеќе е што може да цвета и во месец септември пред да започнат ниските температури, но само доколку температурите се умерени и има пријатни ноќи во текот на месецот.

hortikultura.mk_pelargonium_sardela_8

Floradania nyheder april 2012 sadolinsgade

Loading...