Booking.com

Зборот лотос потекнува од грчкиот збор nymphaia и латинскиот nymphaea што значи нимфа – поим за убавина и долговечност. Лотосот е растение кое расте во вода која стои или тече многу полека. Има големи листови и убави цветови кои пливаат на површината на водата. Постојат над 50 видови во разни бои и големини на цветовите и листовите. Најчесто се сретнува белиот лотос (Nymphaea alba) и некои негови вариетети кои се лесни за одгледување.
Лотосот не е само декоративен, туку е и доста корисен – со своите листови прави сенка во водата со што го спречува развојот на алгите во езерата. Лотосот цвета од средината на пролетта до почетокот на есента. Во доцна есен се режат листовите, водата се фрла, се прекрива дното со тресет и садот се става во подрум или некое друго заштитено место.

hortikultura-mk_lotos_2 hortikultura-mk_lotos_3 hortikultura-mk_lotos_4
Ако немате езеро во градината, може да го одгледувате и во голем сад со дијаметар од најмалку 1 метар и барем 60 cm длабочина. Садот ставете го на сончево место. За садење треба да направите мешавина од еднакви делови иловица, компост и крупен песок. На дното на садот кој може да биде од пластика, дрво или лим, ставете околу 10 cm од мешавината, потоа ставете ја садницата, па уште 5-7 cm од мешавината и одозгора слој од 2-3 cm чакал. Потоа наполнете го садот со вода. Водата која ќе испарува треба редовно да се дополнува бидејќи ако е мало растојанието меѓу коренот и површината на водата се создаваат многу листови, а со тоа се намалува светлината која допира до дното и не може да се создадат цветови.

hortikultura-mk_lotos_5 hortikultura-mk_lotos_6 hortikultura-mk_lotos_7
Лотосовиот цвет се отвора само доколку денот е сончев, а ако го искинете ќе се затвори и повеќе не ги отвора своите латици. Кога се одгледува во езерце потребно е само да се одрежат листовите. Садницата оставете ја во водата. Се размножува со делба на коренот во пролет, но дури по три години кога ќе биде посилно.

hortikultura-mk_lotos_8 hortikultura-mk_lotos_9 hortikultura-mk_lotos_10

Loading...