Booking.com

Уредувањето на зелените површини најчесто се врши со комбинација на различни видови декоративни дрвја и грмушки. За правилен и соодветен избор на декоративните растенија е неопходно да се познаваат морфолошките карактеристики на растенијата и нивните еколошки барања.
Процесот на уредување на зелените површини (градини, паркови, дворови, дрвореди, тревни површини) се врши со садење на различни видови декоративни растенија, на листопадни и иглолисни видови дрвја и грмушки. Токму растенијата ги ублажуваат линиите на архитектурните градби, придонесуваат за намалување на загадувањето на животната средина, а со своите различни форми и бои на листовите, на цветовите и на плодовите даваат чувство на убавина, спокојство, раскошност и опуштеност.
Најчесто при уредувањето на зелените површини се користат декоративни растенија од домашната дендрофлора, односно со автохтоно потекло, но, исто така, се повеќе се користат и егзоти, односно алохтони видови, кои природно не растат во нашите еколошки услови.
Некои од овие егзотични растенија се толку добро приспособени на нашите еколошки услови што се сметаат како домашни видови. Пример за такви растенија се:

Багрем (Robinia pseudoacacia)

Аризонски чемпрес (Cupressus arizonica)

Сребрена ела (Abies concolor)

Хималајски кедар (Cedrus deodara)

Сребренолисна липа (Tilia argentea)

Јапонски јавор (Acer palmatum) и др.

Loading...