Booking.com

Петунијата е сезонско цвеќе, едно од најраспространетите цветни видови во летниот период, посебно на балконите како саксиско цвеќе, но и во дворот. Доколку уживате во цвеќето, вистинско време е да ја подготвите вашата тераса за петунија. Ова цвеќе е чувствително на дожд, но и покрај тоа, поради прекрасните шарени бои на цветовите шири добро расположение.

Достапни се во разни бои, со единечни или двојни цветови, шарени, еднобојни, а некои од нив даваат и прекрасен мирис. Цветаат во текот на целото лето. Петинијата се сеe во хумус, во саксии со големина 7 до 9 см и корито од 40 см на растојание од 15 см помеѓу растение

hortikultura.mk_petunija    hortikultura.mk_petunija 2

Во оние области каде што климата е студена и влажна може да се сади петунијата “мултифлора”, која се карактеризира со мали  цветови, а сортата “лавандна бура” успешно се развива и цвета во влажни региони и тоа со големи и бујни цветови. Оваа билка цвета густо и тоа со височина од 30 см. Виолетовите цветови стојат широко отворени од мај до ноември и тоа со широчина од 9 см.

Исто така, отпорна на време и наменета за украсување балкони, висечки саксии или за во цветни килими е сортата Fortunia puple wave пурпурно-виолетови цветови со пречник од 6 см. Цврста и нискорастечка со средно силен раст е сортата Fortunia rosy wave, која цвета со интензивни темно-розови цветови.

Петуниите се сеат во период од февруари до март во садови за расад во песокливо хумусна почва на температура од 20 до 22 степена. Семките не треба да се покријат со земја или, пак, да се чуваат во влага. Никулците се јавуваат за околу 3 недели и тогаш температурата може да се супушти на 17 °С. По 4 недели од сеењето се пробираат, се ставаат во садови со 9 см земја и се култивираат на температураод 14 °С.

Можат да се пресадуваат кон средината на мај на сончево место на површина 30 х 40 см на пропустлива почва, која не е многу наѓубрена. При суша мора да се залеваат обилно и тоа секој ден. Овенатите цветови треба веднаш да се отстранат.

Loading...