Booking.com

Градот Скопје и годинава во рамките на Новогодишните свечености ја организира веќе традиционалната манифестација „Новогодишните бои на Скопје“, со која жителите на главниот град се мотивираат и стимулираат да ги украсуваат своите домови и работни простории и да придонесат во разубавување на празничниот амбиент на градот.

hortikultura-mk_novogodisni-boi-na-skopje_1

hortikultura-mk_novogodisni-boi-na-skopje_2
Заинтересираните граѓани и правни субјекти коишто сакаат да учествуваат во манифестацијата, односно да се натпреваруваат за најинтересно и најкреативно новогодишно украсување, можат да се пријават на телефонскиот број 02/3297-265, од 9 до 16 часот, од 14 до 26 декември 2016 година.
Фотографиите од украсените објекти, заедно со податоците за сопствениците, телефонскиот број и адреса, учесниците може да испраќаат на е-маил mediumi@skopje.gov.mk или на адреса: булевар Илинден бр.82, со назнака за манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“.
Град Скопје и оваа година традиционално избира:
1. Најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа;
2. Најубаво новогодишно украсена тераса од стан;
3. Најубаво новогодишно украсен угостителски објект (надворешно);
4. Најубаво новогодишно украсен двор на средно училиште.

Пријавените објекти ќе ги оценува жири-комисија којашто ќе биде составена од претставници на медиумите.
Градот Скопје и годинава обезбеди награди од 10.000 денари, што ќе им бидат доделени на првонаградените од трите категории, исто така, ЕВН Македонија ќе ги ослободи првонаградените во сите категории, еднократно од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија, за месец декември 2016 година.
Наградите на најуспешните ќе им ги додели градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, со претставници од ЕВН Македонија, на крајот на месец декември.

hortikultura-mk_novogodisni-boi-na-skopje_3

hortikultura-mk_novogodisni-boi-na-skopje hortikultura-mk_novogodisni-boi-na-skopje_5 hortikultura-mk_novogodisni-boi-na-skopje_6

Loading...