Booking.com

Интернет магазинот Hortikultura.mk и оваа година е номиниран во 6 категории во изборот за „Сајт на годината“. Сите наши пријатели и поддржувачи можат да го дадат својот глас во следниве категории:
• Најдобар сајт на годината за 2016
• Сајт со најдобар дизајн
• Најдобар мобилен сајт
• Сајт за мода и убавина
• Сајт за вести и информации
• Сајт со најдобра фејсбук страница
Гласањето трае до 9-ти декември, а прогласувањето на најдобрите е закажано за 14-ти декември.
Гласањето може да го направите на линкот ТУКА и да се пријавите со вашата е-пошта. Откако ќе го направите тоа, на истата е-пошта ќе ви пристигне линк за гласање, на кој можете да ги доделите гласовите во конкретната категорија. Од една е-пошта може да се гласа само еднаш.
Секој посетител може да додели 3 гласа во секоја категорија и тоа 10, 6 и 2 поени. Соодносот на финалните гласови е 60% на жири комисијата и 40% на гласовите од интернет посетителите.

hortikultura-mk_sajt_na_godinata_2016
Инаку, Сајт на Годината е манифестација која по седми пат во Македонија ги избира најдобрите веб сајтови во повеќе категории. Манифестацијата е организирана од Media Solutions и системот за онлајн реклами Keep An Eye, а под покровителство на Град Скопје, ИАБ Македонија и Министерството за информатичка технологија.
Изборот на Сајт на Годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Сајт на Годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.

hortikultura-mk_sajt_na_godinata_2016_3

Loading...