Booking.com

Собната ела (Araucaria heterophylla синоним A.excelsa) води потекло од Норфолшките острови во близина на Австралија. На нејзините природни наоѓалишта таа е високо дрво кое може да достигне висина 60-70 метри, меѓутоа во собни услови достигнува висина 1-2 метри. Таа е вид кој не сака преместување, проветни места, ниту присуство на други собни растенија во нејзина близина за да не ѝ ја одземаат светлината која треба да ја добива од сите страни, за да има убав изглед.

hortikultura.mk_sobna_ela_araucaria_2

hortikultura.mk_sobna_ela_araucaria_3

Доколку нема доволно светлина нејзините гранки ќе се свиткаат, игличките ќе потемнат и ќе бидат без сјај. На араукаријата ѝ треба светлина и во зимските месеци. Температурата во просторијата не треба да биде пониска од 10°С. Полевањето како и ѓубрењето треба да биде умерено за растението да не изгуби во декоративноста. Инаку ова е единствениот иглолисен вид кој успешно се одгледува и развива во собни услови и особено ефектно делува во ентериерот.
Овој вид се размножува со врвни резници, поретко со семе и калемење. Резниците се земаат од едногодишни растенија, се ставаат во вода на неколку часа, а потоа се садат во песок во топли стакленици со висока релативна влага во воздухот. Откако ќе се ожилат се садат во саксии во кои има ливадска земја, вресовина, листовка и песок.

hortikultura.mk_sobna_ela_araucaria_4

hortikultura.mk_sobna_ela_araucaria_5

hortikultura.mk_sobna_ela_araucaria_6

Loading...