Booking.com

Креирањето на модерна градина не мора да значи и трошење на многу пари…

Најелегантните современи градини и дворови од милион долари, кои можете да ги видите по светските магазини, се креација на познатите пејзажни дизајнери кои сакаат да користат материјали и растенија кои се лесни за пронаоѓање и еколошки. Пејзажните архитекти користат материјали кои бараат минимално одржување, евтини или бесплатни водени растенија кои не бараат претерана нега, ниту залевање.
Дали имате двор во кој сакате да го поминувате слободното време? Дали на предниот дел од екстериерот му недостасуваат прегради? Одлучете што сакате да добиете од вашиот двор и која функција би сакале да ја добиете за да создадете една слика за пејзажниот дизајн и полесно да донесете одлука.
Во галеријата подолу можете да погледнете неколку евтини пејзажни детали кои ќе ви помогнат во вашата замисла да креирате свој простор за уживање.
Ви претставуваме неколку идеи за вашата градина. Инспирирајте се и дотерајте го изгледот на вашиот двор, користејќи професионални пејзажни дизајни. Околу 75% од домаќинствата трошат време и пари (или и двете) за одржување на својот тревник, меѓутоа сега постојат можности тоа да го прават без потреба да потрошат многу пари.

Loading...