Booking.com

Ако сакате во својот дом да го почувствувате духот на природата и сте љубител на цвеќе, тогаш прочитајте десет совети за одгледување на собно цвеќе. Иако секоја билка бара посебни услови и нега, овие совети важат за сите оние кои одгледуваат собно цвеќе. Експертот за одгледување на собно цвеќе Изабела Палмер има објавено книга “The House Gardener”, која нуди упатства и инспирација за минијатурни градини кои може секој од нас да ги направи:
1. Внимателно позиционирајте го цвеќето. Изберете цвеќе кое одговара на околината, бидејќи дури и најискусните градинари не можат да направат цвеќе што има потреба од сонце да опстане на ладно, сенковито место. Затоа потрудете се вашето цвеќе да биде позиционирано на прав начин во просторијата – така што ќе има доволно светлина и топлина колку што му е потребно.

hortikultura.mk_soveti_sobno_cveke_2
2. Обидете се да избегнете директна сончева изложеност. Прозорските летви кои се изложени на директна сончева светлина ќе бидат премногу топли за повеќето собни билки. Исто така, не ги поставувајте собните билки на директен извор на топлина, како што се радијаторите.
3. Избегнувајте сенковити површини. Обезбедете им доволно светлина на вашите растенија, за да би се квалитетно извршила фотосинтезата.
4. Избегнувајте екстремни температури. Држете ги осетливите растенија подалеку од промаја, бидејќи таа ќе им го намали нивото на влага.
5. Соодветна саксија. Потрудете се да го пресадите вашето собно цвеќе во поголема саксија секоја втора година за да може да расте на правилен начин.

hortikultura.mk_soveti_sobno_cveke_3
6. Бидете добро опремени. Користете соодветни алати за одржување на собното цвеќе. Залевањето со помош на долги цевчиња (шпагети) е од суштинско значење за намалување на количината на прашина, како и во борбата со штетници и појавата на болести. Мало, но долго гребло и макази се одлични за пристап до најсложени области.
7. Залевајте мудро. Не ги залевајте претерано собните растенија. Додајте некој материјал за дренажа на дното од саксијата, како на пример песок или ситни каменчиња. Тоа ќе овозможи добра аерација на коренот.

hortikultura.mk_soveti_sobno_cveke_4
8. Зимски сон. Во текот на зимскиот период дозволете му на растението да се одмори и преместете го на постудено место. Тоа е така бидејќи повеќето растенија се наоѓаат во фаза на хибернација во текот на овој период, па не им треба толку многу сончева светлина. Исто така, би требало да ја намалите количината на вода и исхрана на растението, бидејќи тоа може да ја спречи појавата на болести – габични заболувања и трулеж на коренот. Цвеќето преместете го подалеку од прозорецот, бидејќи на тоа место ќе им биде постудено во текот на зимскиот период.
9. Бидете внимателни. Научете да ги препознавате потенцијалните проблеми многу порано пред појавата на зарази предизвикани од штетници или други физиолошки проблеми кои можат да го угинат растението.
10. Размислувајте долгорочно. Доколку сакате да ви растат во текот на целата година, тогаш изберете собни растенија кои ќе напредуваат подолго.

hortikultura.mk_soveti_sobno_cveke_5

Loading...