Booking.com

Вашиот стар велосипед претворете го во прекрасен моден детаљ за својата градина во кој може да се засадат разнобојни миризливи цвеќиња. Со својот романтичен изглед придонесува за прекрасен уметнички изглед на вашата градина. Може да се користат рамките и рачките од ковано железо и да се бојадисаат со впечатливи бои. Од стар велосипед може да се создаде жардиниера за прекрасни цвеќиња.

hortikultura.mk_cveten_velosiped_2

hortikultura.mk_cveten_velosiped_3
Методот на обработка на еден стар велосипед е евтин и лесен процес и ефектот е многу впечатлив детаљ за градината. На самиот велосипед можат да се додадат и дрвени корпи во кои дополнително ќе се комбинираат цвеќиња засадени во сад и закачени на делови од самиот велосипед. Можете да си го определите местото каде ќе го поставите и да го дополните со садови закачени на самиот велосипед или пак поставени во висечка положба.

hortikultura.mk_cveten_velosiped_4

hortikultura.mk_cveten_velosiped_5

SONY DSC
Дополнително може да се комбинираат различни материјали, како што се пластика, керамика и алуминиум, а ефектите ќе бидат различни – ќе добиете градина во модерен стил или романтичен изглед, во зависност од посакуваните желби за изгледот на вашата градина.

Особено препорачуваме да се користат свежи и светли бои на самите детали, но и за самите видови на цвеќиња кои ќе изгледаат декоративно за изгледот на својата градина. Може да се користат и два велосипеди и да се постават во различни насоки и да се комбинираат со дрвени корпи или корпи од ковано железо со живописни бои. За мал простор на тераса се препорачува да се користи мал велосипед кој ќе изгледа сосема декоративно за просторот. Особено впечатливи бои со романтичен изглед ги препорачуваме: нежно розева, жолта или тиркизна боја на детали и видови на цвеќиња.

hortikultura.mk_cveten_velosiped_7

hortikultura.mk_cveten_velosiped_8

Loading...