Booking.com

Вертикалното озеленување е нестандарден и оригинален начин да направите интересен ефект на фасада од зграда или внатрешен ѕид. Вертикалните градини ќе ви ги подобрат условите за живот, тие се една од рационалните идеи за озеленување на простор.

Ваков дизајн на згради може да се видат во Франција, Шпанија и САД. Најпознат дизајнер и иноватор на вертикалните градини е францускиот ботаничар Патрик Блан,  кој ги има создадено повеќето живи вертикални градини во Европа  

Да се направи вертикална градина не е едноставно. Прво се градат специјални конструкции на кои се лепат специјални модули, од специјално одгледани растенија.Тие модули содржат специјални лесни почви и растенија. Многу важно за вертикалното озеленување е да се внимава на начинот на наводнување. Затоа најчесто се користат автоматизирани системи за наводнување. Друг важен момент е конструкцијата да е доволно цврста, бидејќи тежината на вертикалните градини е голема, особено после наводнување.

Овие практични креации кои го одземаат здивот, не само што овозможуваат зеленило онаму каде што малиот простор не овозможува градина, туку се и одличен начин да го разубавите вашето “мало кралство”.

Овие градини се граничат од декорација до тотално функционални градини на места каде има малку кислород и простор. Освен естетскиот ефект, од вертикалното озеленување има и друга корист. Во згради со вертикални градини е поладно преку летото и потопло во текот на зимата, а секако има и подобра звучна изолација.

Погледнете како во повеќето делови од светот изгледаат и се одгледуваат овие прекрасни вертикални градини и слободно украдете некоја идеја која ќе можете да ја примените во вашето место на живеење.

hortikultura.mk_vertikalni gradini 2

hortikultura.mk_vertikalni gradini 3

hortikultura.mk_vertikalni gradini 4

hortikultura.mk_vertikalni gradini 5

hortikultura.mk_vertikalni gradini 6

hortikultura.mk_vertikalni gradini 7

hortikultura.mk_vertikalni gradini 8

Loading...