Booking.com

Босилекот (лат. Ocimum basilicum) е познат и под името Saint Joseph’s Wort. Припаѓа на фамилијата Lamiaceae – нане или мента.

hortikultura.mk_bosilek_ocimum basilicum_1

Босилекот е нискорастечко медитеранско растение кое се одгледува во региони со потопла клима. Потекнува од Иран, Индија и други тропски региони на Азија, и се култивира околу 5.000 години. Постојат повеќе видови на босилек: „сладок босилек“, што се употребува во италијанската кујна и „тајландски“ што се употребува во Азија. Се користи и во либанската кујна, односно скоро во сите медитерански кујни.

Се употребува како украсно зачинско растение, кое е од голема корист за здравјето на луѓето, а неговиот јак мирис ги држи комарците подалеку од вашата кожа. Се верува дека босилекот може да ги намали воспалителните процеси, а има и антибактериски својства.

hortikultura.mk_bosilek_ocimum basilicum_2

Како се одгледува?

Босилекот е едногодишно растение со исправено и жбунесто стебло, високо од 40 до 50 см. Листовите се овални, по рабовите рамни или нарежени. По боја листовите се светлозелени, но има и сорти кои имаат црвенкаста боја. На лицето од листовите се наоѓаат жлездести влакненца кои ги лачат етеричните масла. Постои ситнолисна и широколисна форма на босилек. За комерцијално одгледување се користи широколисната форма. Има бели или виолетови цветови.

Бара умерено топла клима. За време на никнувањето и растот потребна е топлина и влага. Мразеви не поднесува. Добро успева на длабоки, плодни и структурни почви.

hortikultura.mk_bosilek_ocimum basilicum_3

За одгледување на поголеми површини, се започнува со производство на расад во топли леи. Се сее на почетокот на март со 3-4 г/м2 семе. Од 1 м2 може да се добијат 1.000 до 1.200 страка. За 1 ха површина се потребни околу 100 м2 леи. Во текот на никнувањето се наводнува секој втор ден и обично два пати се плеви. За расадување стасува во текот на првата половина од мај. Се расадува кога растенијата имаат од 6 до 8 листа и висина од 10 до 12 см. За да се приспособат на надворешните услови, седум дена пред расадувањето топлите леи преку денот се откриваат. На неколку дена пред корнењето, кога нема опасност од мраз, преку ноќ се оставаат отворени.

Садењето може да биде рачно или машински, на растојание од 50 см меѓу редовите и од 20 до 25 см во редот. Расадениот босилек треба добро да се негува. Задолжително е да се наводнува веднаш по садењето. Површината за босилекот треба добро да се подготви. Основната обработка бара длабоко орање во есен истовремено со внесување на минерални ѓубрива и тоа од 30 до 50 кг/ха азот, 50 до 70 кг/ха фосфор и 40 до 60 кг/ха калиум преку комплексни ѓубрива.

Органски ѓубрива се применуваат, меѓутоа на преткултурата (најдобри се окопните култури) со цел да се избегне преголемата бујност. Во пролет е потребно почвата добро да се обработи односно да се култивира со цел да се добие иситнет и растресит слој за добро прифаќање на расадот.

hortikultura.mk_bosilek_ocimum basilicum_4

Босилекот се бере т.е. коси за време на масовното цветање, бидејќи тогаш содржи најмногу етерично масло. Кај нас за косење стигнува кон крајот на јуни или почетокот на јули. Се коси рачно со срп или машински на висина од 8 до 10 см од површината на почвата, кога времето е убаво и сончево. Растителната маса не останува на нивата да овене, туку веднаш се носи на сушење во сушари или се распостила во тенок слој на сонце да се исуши. При сушењето во сушари не смее да се изложува на температура над 50ºC, за да се задржи бојата и етеричното масло. Потоа почвата се култивира и наводнува.

Растенијата се регенерираат и во почетокот на септември е второто косење. Ако есента е дождлива или редовно се наводнува, се добива трет откос со кој може да се постигне одличен принос, како и со вториот. На плодни почви приносот изнесува од 800 до 1.200 кг/ха сува маса, а вториот откос е за 20% поголем од првиот.

hortikultura.mk_bosilek_ocimum basilicum_5

Во домашни услови, босилекот се размножува со семе. Се сее семете во саксијата. Бара доста сончева светлина и потопли температури. Се залева 1-2 неделно, а не поднесува ладно. После 6 месеци откако ќе се насади ќе може да се бере, со што се поттикнува растот на нови ливчиња.

Облогите со босилек го подобруваат заздравувањето на раните. Свежите листови од босилек доколку се тријат на кожата, се одличен домашен лек против каснувања од инсекти.

Во Македонија се одгледува многу малку, во бавчи, дворови и во саксии поради лековитите својства, но и како заштита.

ПРОЧИТАЈ: Егзотична лаванда во дворот

ПРОЧИТАЈ: Зачинска градина │ Садење и одгледување на лековити и зачински растенија

ПРОЧИТАЈ: Жалфија | Ароматично растение за вашите градини и балкони

Ова го издвоивме за вас

Како правилно да го косиме тревникот?

За да добиеме густ тревник, најбитно е негово правилно косење. Ниту една…

Како да добиете тревник како на Вимблдон?

Дали мислите дека во соседниот двор, тревата е секогаш позелена од вашата?…

Трева во ролни: Како се поставува, одржува и колку чини (ВИДЕО)

Погледнете како се подготвува подлогата, на кој начин се поставува тревата во…

Како се сузбиваат плевелите во тревникот (ВИДЕО)?

Негуваниот тревник не е само убава декорација, туку ја спречува ерозијата на…
Loading...