Да се потсетиме на летните денови со прекрасни морски погледи од луксузни вили низ светот.
Современите архитекти за домување сѐ повеќе обрнуваат внимание на интеграцијата на ентериерот со природниот екстериер. Распоредени по крајбрежни ленти, резиденциите од фотографиите подолу ќе ве изненадат со неверојатни морски погледи, а здивот секако ќе ви го земат и магичните дворови и базени.
Она што е карактеристично за повеќето крајбрежни луксузни вили се стаклените ѕидови кои пропуштаат природната сончева светлина и нудат прекрасен поглед. Овој тип на станови или куќи несомнено ве принудуваат да поминете повеќе време на отворено отколку внатре!









