Booking.com

Внимателно избрана комбинација на украсни треви и нивниот специфичен распоред создава посебна динамичност во дворот. Нема помагично растение за вашиот двор од украсните треви. Дознајте кои се најприменувани и најпознати видови и како се одржуваат. Украсните треви немаат некои посебни барања за одржување. Во континенталните подрачја не е потребно да се поткаструваат во текот на есента, односно почетокот на зимата, туку оставете ги до пролет, па дури тогаш ќе ги поткастрете.

hortikultura.mk_ukrasni__trevi_2

hortikultura.mk_ukrasni__trevi_3
Со својата подвижност создаваат занимлива динамичност во дворот. Може да се садат во гредици кои ќе ги сочинуваат единствено украсни треви или во комбинација со други растенија.
Тревите се садат во групи, од три па нагоре, бидејќи така најдобро ќе дојдат до израз. Една од најупотребуваните видови на украсна трева е Pampas тревата (Cortaderia), која има долги и остри лисја и богати метлици. Луѓето неа често ја мешаат со еден друг вид на украсна трева, а тоа е кинеската трска или уште позната како мискантус. Често се употребуваат и треви од родот Festuca, кои со својата синкаста боја даваат занимлив контраст на останатите растенија.

Украсните треви се растенија кои многу брзо напредуваат во својот развој, па потребно е повремено да се делат.

hortikultura.mk_ukrasni__trevi_4

hortikultura.mk_ukrasni__trevi_5

hortikultura.mk_ukrasni__trevi_6

hortikultura.mk_ukrasni__trevi_7

hortikultura.mk_ukrasni__trevi_8

Loading...