Изградбата на мали издвоени простории кои служат како сауна, станува честа појава во Русија. Архитектот Андреј Бугаев од студиото Artecology направил своја верзија на сауна, која се наоѓа длабоко во шума и неверојатно потсетува на сцена од бајките.
За градба користел цели стебла ариш дрво со должина од 5 метри и пречник 280 мм. Аришот го одбрал бидејќи е многу отпорен на влага, јак и пријатен за гледање. За да го сочува квалитетот на дрвото што подолго, го третирал со природни, безопасни премази.
Покривот од трска ја штити сауната од дожд и студ. Оваа колиба сауна се загрева со печки на дрва изградени од цигли. На горниот спрат од оваа фантастична сауна се наоѓа мал простор за гости, потоа парно купатило до кое се доаѓа по спирални скали. Во склоп на имотот, покрај сауната, се наоѓа и летниковец изграден во ист бајковит стил.








